Јана и АВТ започнаа хуманитарна акција „Капка радост за малите херои!“ со цел собирање на средства за Детската Клиника во Скопје.

Со купување освежителни пијалоци од асортиманот на брендот Јана во период од 1 август до 31 октомври годинава во сите маркети на Тинекс и Космо помагате да се соберат средства за Детската Клиника во Скопје.

Од секој купен производ негазирана природна минерална вода Јана дел од средствата ќе бидат издвоени за Детската Клиника во Скопје.

Зошто Детска Клиника во Скопје?

Клиниката за детски болести е единствена терцијарна јавна здравствена установа во Република Македонија која преку своите субспецијалистички клиники, оддели и лаборатории ги дијагностицира и третира најсложените болести кај децата и спроведува истражувања, евалуација и едукација од областа на здравствен третман, со цел подобрување на квалитетот на животот и спасување на детски животи.

Мисијата на Универзитетската Клиника за педијатрија е на децата и нивните семејства да им понуди здрава иднина преку супериорна детска нега, едукација и истражување. Оваа мисија вклучува три основни активности, кои се дел од секојдневната работа на Клиниката, а тоа се грижа за пациентите, едукација на идните генерации на педијатри и истражувања во областа на педијатријата.

Брендот Јана секогаш се труди да им помогне на оние на кои им е најпотребно. Бидејќи
минатата година беше исклучително тешка за сите, особено за најранливите групи, Јана и АВТ, во соработка со Тинекс и Космо, решија да и помогнат на Детската Клиника во Скопје и ги повикуваат граѓаните да помогнат заедно да создадеме разлика, односно подобра иднина за најмилите со свој придонес и мал знак на внимание. Со оваа заедничка акција ќе го реновираме Одделот за Нефрологија при Детската Клиника, со што ќе овозможиме подобри услови на здравствена заштита на нашите најмили.
Ви благодариме на хуманоста!