Законското решение што го усвои Владата, а предвидува недела да биде неработен ден, односно ден на неделен одмор, е дел од политиката на Владата за заштита на правата на работниците, вели во своето интервју министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Според неа, со ова решение се штитат правата и на тие работници што поради виталноста на дејноста или технолошкиот процес мора да работат во недела, со тоа што се превидува дневница поголема за најмалку 50 проценти и слободен ден во текот на следната недела.

Убедена сум дека работодавците со добар план и добра организација ќе го продолжат работниот процес, без притоа некој да трпи некаква штета, а притоа ќе имаат позадоволни работници, кои ќе бидат попродуктивни – додаваа таа
Според министерката, работниците се најважниот капитал на пазарот на трудот и затоа ние сме должни да го негуваме тој капитал, да го унапредуваме и да го направиме попродуктивен.
– Само ако им понудиме добри услови за работа, ако нивниот труд го цениме и соодветно го вреднуваме, ние ќе ги задржиме работниците овде, во Македонија – вели министерката.

Таа резимира дека политиката на Владата е конзистентна од самиот почеток, а порастот на минималната плата за повеќе од шест илјади денари за нецели четири години, како и растот на платите во сите сектори, е доказ дека се има за цел да се создадат задоволни и мотивирани работници.