Просечната цена на квадратен метар станбена површина во 2017 година изнесувала 41.822 денари, што е за 2,9 проценти помалку во однос на 2016 година, објави Државниот завод за статистика.

Во Скопје просечната цена на квадратен метар лани изнесувала 43.710 денари, што е за 14 проценти помалку во споредба со 2016 година, а во другите населени места во Македонија 32.001 денар, или намалување за 2,2 проценти.

Во втората половина од минатата година просечната цена на квадратен метар е намалена за 6,2 проценти во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 4,8 проценти.