На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехрамбени производи, кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на, објави министерот за економија Крешник Бектеши, на официјалниот профил на „Фејсбук“ .
Со одлуката се замрзнуваат цените на:
-леб
– шеќер
– брашно – тип 400
– сончогледово масло за јадење
– трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%
– свежо месо и сувомеснати производи
– сирење и урда.

Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.
Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.