За ова издание на „Аргуст трофи 2021“, доделувањето на наградите се одржа на дигитална ТВ-програма на 28 јануари 2021 година. Како домаќин на настанот беше новинарката Маргот Лафит. На списокот со наградите доминираа електрични возила, а „Пежо е-2008“ се истакна со освојување на наградата „Аргус трофи“ во категоријата електричен СУВ.

Претходните години „Пежо“ многупати нижеше успеси на „Аргус трофис“.
– „Пежо 208“ ја освои наградата „Аргус кар 2020“.
– Пежо 508“ кој ја освои наградатa „Аргус кар 2019“.
– Брендот, исто така, освои награди во многу други категории.

Во ерата на енергетската транзиција, триумфот на „Пежо е-2008“ со наградата за електричен СУВ за 2021 година претставува особена чест за брендот „Пежо“. „Пежо 2008“ се истакнува во компактниот СУВ сегмент и допринесува во успехот на гамата „Пежо“ денес: со посебно докажување во дизајнот и истакнување преку иновации и технологија.

Овој прв електричен „Пежо“ СУВ го отвора патот кон новиот свет на сензации. Сто отсто електричен, возачот ќе ужива во висок степен на функционалност во возило кое е потполно тивко и без вибрации.

Од неопходните елементи кои го обележуваат брендот „Пежо“ посебен акцент е ставен на динамичното однесување на новиот СУВ „Пежо е-2008“, обезбедувајќи уникатно чувство и задоволство при возење, во споредба со бензинските и дизел верзиите. Во Франција, продадени се повеќе од 66.000 „Пежо 2008“ во 2020 година и скоро 10 отсто од нив беа електрични верзии.

– Само што ја преземав функцијата извршен директор на брендот „Пежо“, јас сум многу горда и почестена што ја примивe наградата „Аргус трофи“ за „Пежо Е-2008“. Добивањето на овој трофеј е јасен доказ за моќта на заведување на овој модел и ги наградува неговите извонредни перформанси. Тој исто така е совршено усогласен со нашата енергетска транзиција бидејќи 100 отсто од нашата гама ќе се електрифицира во 2025 година – кажа Линда Џексон, извршна директорка на брендот „Пежо“.

Оваа награда ја додели жири составено од 18 стручни новинари во категориите „Рејтинг“ и „Аргус“. Рангирањето се одредува според следниве критериуми: нова набавна цена, преостаната вредност, потрошувачка и услуги при употреба (квалитет, комфор, задоволство при возење и дизајн).

„Пежо е-2008“ го освои првото место на подиумот пред „Ауди е-трон спортбек“,
„Мазда Ем-екс-30“ и „Волво Екс-Це 40 П8“.