Откупната цена на зелката до 20 април ќе биде минимум 15 денари за килограм, ова денеска беше договорено на состонакот што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димовски, го одржа со откупувачите на зелка. Ваквата одлука е поради вонредната состојба и последиците од појавата на коронавирусот врз секторот земјоделство.

Државниот инспекторат за земјоделство во овој период ќе врши засилени контроли со цел да нема манипулиции со договорената минимална цена.

– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е во постојана комуникација со производителите, откупувачите и извозниците на сите земјоделски производи, со цел да има непречен извоз. МЗШВ како и досега, продолжува да ја следи состојбата со коронавирусот и последиците врз земјоделскиот сектор, доколку има потреба ќе се наоѓаат решенија преку интервентни мерки, а со цел да го заштитиме земјоделството – велат од Министерството.