Договор за меѓународна соработка помеѓу Нотарската Комора на Македонија, претставувана од претседателот Васил Кузманоски, и Федералната Комора на Нотарите на Германија, претставувана од правниот советник Ричард Бок, главен претставник на Федералната Комора на Германските Нотари за меѓународни прашања, е склучен денес во Берлин.

Нотарската Комора на Македонија и Федералната Комора на Нотарите на Германија веќе со години соработуваат за унапредување на квалитетот во полето на превентивната правда во Македонија и во целиот регион, преку одржување и присуство на настани и состаноци со посебен фокус на правните случувања, професионалните тренинзи, половата еднаквост и предизвиците на дигитализацијата во нотаријатот преку проектите организирани од страна на Германската агенција за развој – ГИЗ и Германска фондација за Меѓународна правна соработка – ИРЗ.

Целта на потпишувањето на овој договор за соработка е поставување на
основа за идни размени меѓу двете институции со обврзување за споделување
информации организирање заеднички проекти, особено оние кои се однесуваат на
професионалниот тренинг, правните случувања и дигитализацијата.

Договорот беше потпишан во просториите на Федералната Комора на
Нотарите на Германија а на чинот на потпишување покрај делегацијата од
Нотарската комора на Македонија составена од претседателот Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор, Анита Адамческа, присуство на овој значаен чин имаше и претставник од Министерството за правда на Македонија, државниот советник Љубица Караманди Попчевски, амбасадорот на Македонија во Берлин Рамадан Назифи и Драган Петковски-министер советник во Амбасадата на Македонија во Берлин, како и Ловро Томашиќ – претставник за меѓународни односи и Надја Данингер-Кандидат за нотар во Германија.

Имајќи го предвид големото значење на овој настан, како за нотаријатот така
и за Македонија како држава која чекори напред кон влез во Европската унија, Ве молиме за објава на оваа информација со цел пошироко запознавање на јавноста.