Фиат Македонија започна кампања под мотото „Fiat Easy Buy”, која ви нуди единствени финансиски поволности за да набавите еден од новите модели на „Фиат 500“,„500L“ или „500X“.

За прв пат автомобилски кредит со 0% учество, до 5 години рок на отплата, 5.0% фиксна каматна стапка, 0% трошоци за обработка.

Купи го лесно „Фиат 500“! Избери градски автомобил, моноволуменец или СУВ сега со одличната понуда од Аутомобиле СК и направи го најдобриот избор со еден од моделите од семејството на Фиат 500.

Фиат 500 легендарниот градски автомобил, за месечна рата од 189€. Подобар, похрабар и позаводлив со неверојатни комбинации на бои и опрема. Спој на модерно и легендарно! Вклучи ја твојата имагинација и впушти се во нови предизвици низ градските улици, движи се со стил, Фиат 500 ќе ви го овозможи тоа.

Фиат „500L“ – чувствувајте се како дома и кога патувате, со месечна рата почнувајќи од 226€. Функционален, способен и кул. Новиот моноволуменец „500L“ е создаден да ве воодушеви со неговата пространост и модуларност, удобен и елегантен повеќенаменски автомобил со кој што секогаш ќе се чувствувате како да сте дома кога патувате.

Искусете го градот како никогаш досега, со „Fiat 500X SUV“ за месечна рата од 283€. Помалку граници, поголемо возбудување со италијанскиот „SUV Fiat 500X“. Препуштете им се на авантурите со возбудлив несекојдневен дизајн и перформанси кои навистина оставаат впечаток. Еден сосема поинаков и несекојдневен автомобил.

Повеќе информации за автомобилите и нивната богата опрема побарајте на официјалната страница на Фиат. Доколку сакате и одблиску да ги запознаете новите модели Фиат 500, „500L“ и „500X закажете веднаш тест возење во најблискиот салон на Фиат Македонија.