Американските економисти Вилијам Нордхаус и Пол Ромер се добитници на овогодишната Нобелова награда за економија за својот труд на „долгорочно одржливиот раст на глобалната економија“, објави денеска Шведската кралска академија на науките.

Нордхаус создаде модел кој помага во разбирањето на интеракцијата меѓу економијата и климатските промени.

Истражувањата на Ромер покажуваат како акумулацијата на идеи создава долгорочен економски раст.

Овогодишната Нобелова награда за економија вклучува паричен износ од девет милиони шведски круни (860.000 евра), исто како и наградите за медицина, физика, хемија и мир, кои беа доделени минатата недела.