Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на денешната седница донесе одлука со која се намалува тарифата за пренос на природен гас во просек за 6,16 отсто. Одлуката стапува на сила од 1 јануари 2021 година.

– На крајот од годината една добра вест а тоа е дека на денешната последна седница за 2020 година донесовме одлука за намалување на тарифата за пренос на природен гас во просек за 6,16%. Бенефитот од оваа одлука ќе го почувствуваат сите корисници на природен гас чии сметки од 1 јануари ќе бидат пониски. Клучни причини поради кои се намалува тарифата за пренос на природен гас се зголемените количини на природен гас кои ќе се пренесуваат следната година, како и влијанието на намалената увозна цена на природниот гас – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

РКЕ еднаш во годината носи одлука за тарифата за пренос на природен гас.