Фото: Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин може да присуствува на претстојниот самит на Г20 во Флорида, доколку сака, но нагласи дека не знае дали ќе дојде.

– Ако сака да дојде, секако дека може – рече Трамп пред новинарите во неговиот клуб Мар-а-Лаго во Палм Бич, каде го поминуваше празникот Ден на благодарноста, пренесува Ројтерс.

Самитот е закажан за 14 и 15 декември. Трамп призна дека дел од учесниците не би сакале да го видат Путин на собирот и изрази сомневање дека рускиот претседател ќе сака да присуствува.

– Ако зависи од мене, би сакал да дојде – додаде тој.

Кремљ во четвртокот соопшти дека сè уште не е донесена одлука за учеството на Путин. Рускиот претседател претходно најави дека ќе ја разгледа можноста за патување во САД, земајќи ја предвид и состојбата во Русија.