Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги посети постројките за производство на нуклеарни материјали и истражувачките капацитети за развој на вооружување, при што порача дека земјата треба да се насочи кон распоредување тактичко нуклеарно оружје во различни оперативни области, јави денеска севернокорејската новинска агенција КЦНА.
Ким истакнал дека капацитетите за производство на нуклеарни материјали систематски се прошируваат, нагласувајќи дека статусот на Северна Кореја како држава што поседува нуклеарно оружје е „апсолутно неповредлив“, и покрај меѓународните повици за денуклеаризација.
Северна Кореја го изврши првиот нуклеарен тест во 2006 година, а оттогаш продолжи со развојот на својата нуклеарна и балистичка програма, и покрај меѓународните санкции и повиците за денуклеаризација.
































