Фото: ЕПА

Иран нема да дозволи повторно отворање на Ормуската Теснина сè додека не бидат исполнети условите што ги постави Техеран. Ова го порача иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, нагласувајќи дека земјата е подготвена и за дипломатски преговори и за одбрана од евентуални закани, пренесе „Анадолија“.

– Нашиот став е јасен – додека не се исполнат барањата на Иран, прашањето за Ормуската Теснина и нејзиното повторно отворање не е на дневен ред – изјави Арагчи за иранска новинска агенција.

Шефот на иранската дипломатија се осврна и на посетите на катарски делегации во Техеран, посочувајќи дека тие не претставуваат ништо невообичаено.

Според него, посредниците во комуникацијата меѓу Иран и САД редовно патуваат меѓу двете земји, пренесувајќи предлози и иницијативи во обид да се најде дипломатско решение.

Арагчи со оваа изјава повторно ја потврди цврстата позиција на Техеран во однос на Ормуската Теснина, еден од најзначајните светски поморски коридори за транспорт на нафта и енергенси.