Одбојкарките на Газели Волеј забележаа уште една важна победа во домашното првенство. Совладана е екипата на Струмица жени со 3:1 (25:16, 22:25, 25:12, 25:12). Гледачите во салата „Форца“ и овојпат присуствуваа на квалитетен и возбудлив натпревар на кој домашните одбојкарки завидна борбеност, посветеност и добра енергија.

„Газелите“ добро го започнаа мечот, со убедливо водство во првиот сет, за неочекувано, веднаш потоа да му дозволат на противникот да се соземе и со борбена игра да го освои вториот сет. Следуваше доминатна игра на домашните одбојкарки кои во двата преостанати сета им дозволија на струмичанки да освојат само по 12 поени и да слават сосема заслужено петта победа во шестиот натпревар од Првата лига жени.
Во екипата на Газели Волеј најефикасни беа Сара Горбок со 21 поен и Мила Дикова со 19, но треба уште еднаш да се истакне колективната игра која резултираше со уште една убедлива победа.


































