Во близина на село Смилковци, Скопско, пронајдено е безживотно тело на маж, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на село Смилковци, Скопско, пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е. (38) од село Љубин, Скопско – информира МВР.
Како што наведуваат оттаму, во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал.
– Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција – додава МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан.

































