фото: Маја Јаневска - Илиева

Заштитата на жртвите е приоритет, а насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања, се наведува во соопштението на Владата, од каде што информираат дека веќе се работи на подобрување на постојните решенија и дека надлежните институции преземаат мерки во рамките на своите надлежности.

Од Владата посочуваат дека во процесот на унапредување на заштитата особено важен е придонесот на стручната јавност, како и на организациите кои секојдневно работат со жртвите на насилство.

-Сметаме дека на вака чувствителна тема јавната дебата треба да се води со особена одговорност. Препознатливите партиски пораки во дебатата за насилството ја отежнуваат соработката што им е потребна на жртвите, а политичкиот наратив го одвлекува вниманието од прашањето што треба да биде во средиштето на вниманието, а тоа е заштитата на жртвите – се наведува во соопштението.

Оттаму нагласуваат дека фокусот на јавната дебата треба да остане насочен кон заштитата на жртвите, наместо кон политичките препукувања.