Фото: Пиксабеј/илустрација

Пилот на српската армија загина откако борбен авион МиГ-29 се урна на поле меѓу Нова и Стара Пазова, објави Радио-телевизија Србија (РТС).

Станува збор за авион од составот на 204-та воздухопловна бригада на српската армија, која е стационирана на аеродромот Батајница.

По несреќата, на местото на падот пристигнале припадници на српската армија, полицијата и воената полиција, како и пожарникари и екипи на итната медицинска помош.

Засега нема официјални информации за причините поради кои се урнал авионот. Српското Министерство за одбрана сè уште нема излезено со коментар за несреќата.