Денеска времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Во претпладневните часови, во одделни котлини ќе има услови за појава на магла, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе надминува 50 километри на час.
Минималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени, додека максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време, со услови за појава на магла во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а дневната максимална ќе достигне 16 степени.
Од вторник ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во понеделник и вторник наместа долж Повардарието ќе има повремено засилен северен ветер.
Врнежи од дожд се очекуваат повторно во петок и во текот на викендот.
































