ТЕНИС
- Тој втора година по ред ќе игра на завршниот турнир на АТП годинава, а им се придружи на Александар Зверев и на Карлос Алкараз за турнирот во Торино во ноември
Бен Шелтон се пласира за финалниот турнир во годината на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) втора година по ред и им се придружи на Александар Зверев и на Карлос Алкараз за турнирот во Торино во ноември, пишува АТП.
Шелтон, кој има 40 победи и 17 порази сезонава, годинава стигна до прво финале на гранслем-турнир, на САД опен во септември. По настапот во тој натпревар за титулата на турнирот во Њујорк, Шелтон се искачи на рекордно високо место во кариерата, број четири на ранг-листата на Асоцијацијата на тениските професионалци.
Покрај тоа, 24-годишниот Американец освои четири трофеи годинава. Шелтон ја одбрани својата титула на канадскиот мастерс-турнир од серијата 1.000 во Монтреал, ги освои АТП-турнирите 500 во Минхен и во Далас, а го освои и трофејот во Штутгарт, на трева. Само Јаник Синер, шесткратен шампион годинава, освои повеќе трофеи во 2026 година, пишува Асоцијацијата на тениските професионалци.
Има уште пет слободни места во поединечна конкуренција за финалниот турнир годинава на АТП. Н.М.

































