Фото: МВР

Полицијата го пронајде 22-годишниот штипјанец кој дрифташе со автомобил „опел“ без регистарски ознаки, а видеото од опасното возење беше објавено на социјалните мрежи.

Од МВР информираат дека по преземените мерки и активности, на 14 октомври полициски службеници од СВР Штип го пронашле С.К. (22) и со него извршиле службен разговор.

– На објавеното видео се гледа како тој управува патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, на начин со кој намерно предизвикува пролизгување на возилото, односно како дрифта со возилото – соопшти МВР.

При преземањето на полициските мерки било утврдено дека младиот штипјанец го управувал автомобилот пред да се стекне со право на управување.

За случајот е известен јавен обвинител, а од МВР најавуваат дека по целосното документирање на настанот против 22-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.