Фото: Приватна архива

Камерното трио „Анимато“ на 8 октомври одржа два концерта во Кавадарци и во Гевгелија, под насловот „Патување низ времето“. Публиката имаше можност да проследи програма што поврзува различни музички епохи и традиции.
„Анимато“ се издвојува со својот специфичен состав – две флејти и пијано. Триото го сочинуваат пијанистката Светлана Димитриевска и флејтистките Даниела Неделковска и Симона Марочковска Манојловска.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

За овие настапи, музичките уметнички подготвија разновидна програма во која делата на светските композитори се надополнуваат со македонското музичко творештво, создавајќи дијалог меѓу различни стилови и музички изрази.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Основано во 2020 година, триото континуирано настапува и го развива својот препознатлив камерен израз, придонесувајќи за афирмацијата на камерната музика и на нејзината улога во развојот на музичките уметници.

Триото „Анимато“ ја поканува публиката на својот следен концерт, кој ќе се одржи на 20 октомври во Штип.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам.