Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

„Алкалоид“ годинава го бележи своето 23. учество на CPhI (Convention on Pharmaceutical Ingredients), водечки глобален настан кој ги поврзува чинителите од целиот фармацевтски синџир.

Годинашното 37. издание на CPHI се одржува од 6 до 8 октомври во Милано, Италија, обединувајќи ја фармацевтската заедница на едно место заради вмрежување, размена на знаења, претставување иновации и создавање нови деловни можности.

Годинашното учество на „Алкалоид“ на CPHI Milan 2026 се одвива во знакот на 90-годишниот јубилеј на компанијата, а во фокусот на саемското претставување се современите производствени капацитети, производственото портфолио и клучните развојни достигнувања на компанијата.

Тимот на „Алкалоид“, составен од 35 претставници на повеќе организациски сектори, во текот на трите саемски денови реализираше голем број средби со своите деловни партнери и добавувачи, како и со потенцијални соработници.

Главниот акцент е ставен врз продлабочување на постојните партнерства, развој на нови деловни можности и проширување на меѓународната соработка со водечките чинители во фармацевтската индустрија.

Со повеќе од 62.000 фармацевтски професионалци и над 2.900 изложувачи од целиот свет, CPHI, како еден од најреномираните светски собири во областа на фармацијата, ги обединува компаниите, експертите и иноваторите, нудејќи современа рамка за претставување на најновите технологии и за воспоставување стратешки партнерства што отвораат нови можности за развој на следната генерација иновативни фармацевтски решенија.

Континуираното присуство на „Алкалоид“ на CPHI е дел од долгорочната определба на компанијата да ги следи глобалните текови во фармацевтската индустрија, да ја зајакнува својата меѓународна конкурентност и преку нови знаења, технологии и партнерства да создава основа за иден одржлив раст.