Сончево и релативно топло време нè очекува во текот на денот. Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот времето ќе биде сончево, со слаб ветер од јужен правец, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните температури ќе се движат од -3 до 6 степени, додека максималните ќе достигнат од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло, со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 3 степени, а дневната ќе достигне до 26 степени.

Од УХМР најавија дека до четврток ќе се задржи сончево и релативно топло време, со променлива облачност во текот на денот, а од петок, како и во текот на викендот, се очекува промена на временските услови, со променливо облачно време и услови за врнежи од дожд.