Викендов беа доделени главните награди на фестивалот „Ѕирни“ во четири категории, интернационална и национална официјална селекција и интернационална и национална студентска селекција, како и специјалните признанија и најдрагата награда, која беше изгласана од публиката.
Жирито на студентската селекција, Тамара Ристоска, актерка; Атанас Велковски, снимател; и Игор Христов, режисер, му додели Специјално признание на „Сѐ уште трчаме“ во режија на Матија Штифаниќ, за храбриот документарен поглед кон една генерација во движење.
Со документарна искрена наративност, овој филм се занимава со маргинални карактери што се заборавени од општеството. Со голем труд и желба ова здружение гледа потенцијал во овие млади деца, давајќи им креативен простор каде што можат тие да ги изразат своите емоции преку најразлични форми на уметноста. Борејќи се со сите предизвици на модерното општество, овие херои достојно докажуваат дека уметноста ќе најде начин. За најдобар филм во национална студентска селекција жирито реши да му ја даде наградата на филмот „Борби со ветерници“. Главната награда за најдобар интернационален студентски филм ја добива филмот „Мајка на еден син“ во режија на Кевин Кох. Наградата за најдобар филм во меѓународната конкуренција му припаѓа на филмот „Ноу скејт!“ од Гил Села. Специјалното признание во меѓународната конкуренција му припадна на филмот „Нестлинг“ во режија на Георги Мартев.
Наградата за најдобар филм во националната конкуренција му се доделува на филмот „Клупа“ во режија на Трифун Ситниковски. И за крај, за најдобар филм според публиката беше изгласан студентскиот „Езерото“ во режија на Софија Христовска.































