Женската медиумска мрежа „Еднаква“ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ja промовираа дигиталната алатка (https://ssnm.org.mk/ednakva#report ) за пријавување онлајн вознемирување врз новинарки и медиумски работнички.
Новинарките и медиумските работнички во последните години се повеќе се цел на напади, навреди, закани особено во онлајн сферата. Ваквите алатка која овозможува полесно и поефикасно пријавување на овие напади кои сериозно влијаат врз слободата на изразување и работата на новинарките, е од особено значење за следење и анализа, а со тоа и за поефикасна борба против оваа појава, споделија од „Еднаква“.
Првичната цел на алатката е пред се да се документираат случаите на онлајн вознемирување врз жените во медиумите.
Како што знаеме многу малку пријави имаме на онлајн вознемирување, што практично не кореспондира со ситуацијата и големината на проблемот со којшто се соочуваат жените кои работат во медиумите. Борбата против онлајн вознемирувањето не е само борба за заштита на нашата професија. Тоа е заштита воопшто и на слободата на изразувањето на работата на сите ние во јавниот простор. А од друга страна станавме толку имуни, навикнати дека секој на дневна основа може да биде вознемируван, може да биде да биде нападнат за тоа што го работи во онлајн просторот. Во ниеден од договорите за работа не пишува дека треба да трпиме насилство ниту вознемирување. А затоа е особено важно да се зборува за за овие теми. Значи не, вознемирувањето не е дел од работата на жените во медиумите и на новинарките. Воопшто не треба тоа да се трпи. Затоа „Еднаква“ женската медиумска мрежа и Синдикатот направија една алатка со којашто ќе го адресираме овој предизвик – изјавуваат иницијаторите на алатката.
Следниот чекор е проценка на пријавата и, зависно од природата и сериозноста на случајот, насочување кон соодветна поддршка или понатамошно постапување. Тоа може да вклучува информирање за достапните механизми за заштита и пријавување, правна или друга поддршка, како и следење на случајот кога е тоа соодветно. С.Ј.



































