Земјотрес со интензитет од III степен според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22 часот и 18 минути беше почувствуван во Битола, Ресен и околината.
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот бил во соседна Грција, на околу 120 километри југозападно од Скопје.
Земјотресот бил со локална магнитуда ML2.9 според Рихтеровата скала.



































