- Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска бара извинување и демантира дел од изнесените тврдења, посочувајќи дека за нив не се презентирани докази
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска реагира на, како што наведува, изнесените невистинити и непоткрепени наводи поврзани со нејзиното работење и личниот интегритет.
Божиновска бара извинување за тврдењата што, според неа, се пласирани без соодветни докази и смета дека нивното повторување создава перцепција со која се нарушуваат нејзината чест и углед.
– Без докази се изнесуваат тврдења и ми се припишуваат постапки и однесувања кои не ги поткрепуваат фактите – наведува Божиновска, посочувајќи дека станува збор за сериозни обвинувања кои можат да имаат последици врз нејзината лична и професионална репутација.
Божиновска оцени дека станува збор за непоткрепени обвинувања и побара СДСМ во рок од 24 часа јавно да ги повлече тврдењата и да ѝ се извини.
Таа побара одговорните за изнесените обвинувања да ги поткрепат своите тврдења со конкретни докази или да се извинат за, како што вели, невистинитите наводи.
Министерката оценува дека начинот на кој се пласираат ваквите тврдења претставува обид да се создаде негативна слика за неа преку припишување постапки и однесувања за кои, според неа, нема фактичка поткрепа.
Божиновска најавува дека ќе ги преземе соодветните чекори за заштита на својата чест и углед доколку продолжи, како што наведува, изнесувањето непоткрепени обвинувања.































