Фото: Пиксабеј

Променливо облачно време со сончеви периоди, свежо и ветровито, нè очекува денеска, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во западните планински предели ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде силен и ќе достигнува брзина до 60 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 17 степени, додека дневните максимални температури ќе достигнат од 16 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12 степени, а максималната ќе достигне 22 степени.

Според прогнозата на УХМР, до крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и свежо време, со ниски утрински температури.

Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота повторно се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни.