Товарен брод од Кина пристигна во Велика Британија откако пловеше низ Арктикот, како дел од плановите Северната морска рута да стане редовна, пократка и потенцијално побезбедна алтернатива на Суецкиот Канал, објавија светските медиуми.
Бродот „Дубаи тауер“, долг 175 метри, пристигна во пристаништето Тиспорт во североисточна Англија на 9 септември, откако исплови од кинеското пристаниште Нингбо на 15 август. Бродот пренесува околу 1.300 контејнери со електрични автомобили, батерии и опрема за обновлива енергија.
Северната морска рута, која поминува низ арктичките води по должината на рускиот брег, е значително пократка од пловењето низ Суецкиот Канал или околу ’Ртот Добра Надеж. Целта е рутата да се воспостави како редовна врска помеѓу Азија и Европа.
„Си леџенд“ планираше вкупно осум вакви патувања за време на годинашната сезона на арктичко едрење, што го прави ова патување значајно за тестирање на комерцијалната одржливост на новата рута. По Британија, планирани се посети во пристаништата во Ротердам, Хамбург и во Гдањск.
































