Фото: МКД Мастерс

Хрватскиот град Дубровник, од 31 август до 6 јуни годинава, е домаќин на првото Светско првенство (СП) во ватерполо 4х4 „Дубровник 2026“. Станува збор за нов и иновативен формат на ватерполо кој ја доживеа својата светска премиера во Дубровник, во организација на Меѓународната организација за водени спортови (The International Aquatics Organization). На оваа најнова официјална дисциплина во ватерполото, основните карактеристики се: секој тим во базенот има по четворица играчи (тројца плус голман), секој тим може да има вкупно осум играчи, димензиите на игралиштето се 15×12 метри, натпреварот се состои од четири четвртини, но може да заврши и во три, доколку една од екипите добие три поединечни полувремиња, а секoja четвртина трае по пет минути, што значи играта е многу подинамична.

Фото: МКД Мастерс

Она што е особено интересно и секако додава нова тактичка димензија, е правилото според кое еден гол може да вреди дури два, ако биде постигнат подалеку од половината на игралиштето, со што се можни брзи резултатски пресврти. Ако резултатот по четвртини е нерешен (2-2), играта продолжува до т.н.аканаречениот „златен гол“ (кој прв даде гол, тој е победник н.з.).

Фото: МКД Мастерс

Овие правила гарантираат уште побрза и подинамична игра, натпреварите се пократки, а форматот е донекаде прилагоден на гледачите за помодерен спортски спектакл. На првото издание учествуваат 24 машки и осум женски репрезентации во елитниот дел од целиот свет, кои се борат за првата светска титула во ватерполо 4×4. Првото СП се одржува во Порто, или поточно старото градско пристаниште во центарот на Дубровник.

Фото: МКД Мастерс

Во истиот период (31 август – 6 септември), недалеку од Дубровник, во малото место Млини, се одржува и Мастерс-турнирот во ватерполо 4×4 или натпреварување за ветерани. Мастерс-турнирот е отворен за сите ватерполо ентузијасти, поранешни и активни играчи, аматери и професионалци. За да се учествува, не мора да се биде регистриран играч, ниту пак, тимот или екипата мора да бидат составени од членови на ист клуб. Може да се пријават и тимови составени од играчи од различни клубови или држави. За да се пријави за учество, треба само да се изберете името на тимот и категоријата на натпреварување. Постојат три категории на мастерс-натпревари: Отворено, односно без ограничување на возраста, потоа над 35 години, играчи родени на или пред 1 јануари 1991 година и над 45 години, односно играчи родени на или пред 1 јануари 1981 година.

Фото: МКД Мастерс

Македонија има свој претставник на ова СП, а тоа е екипата на МКД Мастерс, која настапува во категоријата Опен, заедно со уште седум екипи. Натпреварите за мастерс-категориите се играат директно во море, пред клубот ВК Гусар во Млини, со што му даваат на турнирот посебна медитеранска и спортска убавина. СП за ветерани се одржува под мотото „Страст, пријателство, почит и мастерс дух“. Македонскиот тим го сочинуваат осуммина македонски ватерполисти, од кој најстар е Андреј Ѓорѓиевски (43), кој е капитен на екипата, а истовремено и судија на ова СП, додека најмладиот македонски играч има 13 години. Тие допатуваа во Хрватска не само по резултат, туку и за промоција на искрено спортско другарство и љубов кон ватерполо спортот. Во рамките на четврт-финалето во Опен-категоријата, македонската екипа вечерва во 20.10 часот ќе ги одмери силите против тимот на Атенто.
Г.И.