Постои можност за склучување мировен договор со кој ќе се стави крај на војната во Украина, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, но во исто време го обвини Киев за „државен тероризам“, заради, како што рече, преупредувањата за ризиците за авионите во рускиот воздушен простор.
Путин додаде дека голем број држави меѓу кои САД и Кина се подготвени да поддржат постигнување мировен договор.
-Проблемот треба да биде решен од државите кои се во конфликтот – Русија и Украина. Тоа вистинскиот начин. и покрај тоа, благодарни сме им на сите кои се обидуваат да придонесат за постигнување на договор. Има ли шанси? Според мене, да, има – изјави тој на економски форум во Владивосток.
































