Фото: Маја Јаневска Илиева

Во одржувањето на хигиената во градот Скопје и општините Куманово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар и Велес ќе бидат вклучени 49 нови комунални возила. Станува збор за 19 мултифункционални камиони од различен тип, девет цистерни и 21 мултифункционално возило за чистење на улиците, кои се набавени за 4,2 милиони евра преку Светска банка, информираа денеска од Владата и од Град Скопје.

Промоцијата на возилата се одржа денеска во Скопје.

Механизацијата е обезбедена преку проект реализиран со поддршка од Светска банка, а како што рече градоначалникот на Скопје, и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, ќе придонесе за зајакнување на капацитетите за одржување на јавната хигиена и за побрзо и поефикасно собирање на отпадот.

-Сметот со години беше еден од најгорливите проблеми во Скопје. Уште од првиот ден кога ја презедов функцијата градоначалник, ветив дека нечистотијата, преполните контејнери и запуштените улици ќе станат минато. Денес зборот станува дело – рече Ѓорѓиевски.

Премиерот Христијан МИцкоски, кој присуствуваше на промоцијата, апелираше за одговорно однесување кон животната средина.

– Овој проект е за подобра животна средина, поголема хигиена во нашите општини кои добиваат нови алатки да се справуваат со сметот. Повикувам и на општетсвена и граѓанска одговорност затоа што сите треба да бидеме подеднакво одговорни кон животната средина – рече Мицкоски.

Скопскиот градоначалник најави дека Град Скопје со сопствени средства набавува и дополнителни специјализирани возила, како и повеќе од 3.300 нови контејнери, за кои постапката, како што информира, е во завршна фаза. објави Скопје1.мк, на која премиерот Христијан Мицкоски информираше Мицкоски, на вториот повик има близу 900 апликации, а заедно со првиот се 1.200.

Фото: Маја Јаневска Илиева