Фото: ЕПА

Унгарија не поддржува забрзано пристапување на ниту една земја-кандидатка во Европската Унија, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар по средбата со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Будимпешта.

– Потврдив дека Унгарија не поддржува забрзана постапка за пристапување во ЕУ за ниту една земја-кандидатка – напиша Маѓар на социјалната мрежа Икс.

Изјавата доаѓа во период кога во ЕУ се водат разговори за натамошното проширување, особено за напредувањето на Украина и Молдавија, но и за интеграцијата на земјите од Западен Балкан.

Маѓар му порачал на Кошта и дека Унгарија ќе може да го поддржи следниот седумгодишен буџет на ЕУ само доколку постигнатиот компромис биде во согласност со интересите на унгарските граѓани и компании.

Средбата се одржа во рамките на посетите на Кошта на земјите-членки, во пресрет на преговорите за финансиските приоритети на Унијата и распределбата на средствата во новата повеќегодишна финансиска рамка.