МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ОРГАНИЗАТОР НА МЕЃУНАРОДНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) доби уште едно големо признание од меѓународните ракометни институции. Главниот град на Македонија, Скопје, ќе биде домаќин и организатор на 23. Отворено меѓународно медитеранско првенство во машка конкуренција, кое ќе се одржи од 18 до 25 април 2027 година. Извршниот комитет на Медитеранската ракометна конфедерација едногласно донесе одлука организацијата на шампионатот да ѝ биде доделена на Македонија. На ова првенство право на настап ќе имаат ракометари родени во 2010 година и помлади.
Доделувањето на организацијата е уште една потврда за довербата во Ракометната федерација на Македонија и во нејзините организациски капацитети за реализација на меѓународни ракометни натпреварувања, информираат од РФМ. Г.И.
































