Премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, раководствата на железничките претпријатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“ и нивни вработени, утрово, придружувани од медиуми, со Градскиот воз тргнаа од железничката станица во Зелениково кон Скопје.
Симболичното патување беше по повод официјалната промоција на проектот „Градски воз“ на првата од трите предвидени линии со која се сообраќа од Зелениково – Ново Зелениково – Орешани – Јане Сандански – Драчево – Лисиче и Нова железничка станица Скопје.
Во тек се работи и на проектирање на втората и третата линија од „Градски воз“, едната од Нова железничка станица преку Бутел – Скопје-Север до Ѓорче Петров и другата од Нова железничка станица преку Автокоманда- Маџари до Илинден.


















































