Европската Унија соопшти дека одобрила 2 милиона евра хуманитарна помош за заедниците погодени од катастрофалните поплави во Непал, во кои загинаа над 300 лица. Средствата се наменети за итни потреби – храна, здравствена заштита, чиста вода и санитација.
– Оваа итна помош ќе помогне да се одговорат на непосредните потреби на заедниците погодени од катастрофата – соопшти Европската комисија.
Помошта доаѓа како дополнување на речиси 3 милиони евра што ЕУ ги издвојуваше на почетокот од годината за подготовка за природни катастрофи во Непал. Партнерските организации финансирани од ЕУ веќе обезбедуваат засолништа и дистрибуција на хуманитарни пакети на терен.
Европската Унија исто така го активираше „Коперникус“ (Copernicus) сателитскиот сервис за мапирање на погодените области и испрати координатор за брз одговор во Азија за подобра координација на помошта.



































