Голем пожар избувна денеска на депонијата „Мелци“ кај Кавадарци, каде што во моментов интервенираат повеќе екипи од Територијалната противпожарна единица.
Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување.
Противпожарните екипи активно работат на ставање на огнената стихија под контрола и спречување на нејзино понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот.
Градоначалникот Митко Јанчев упати апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби.



































