Во прекрсаниот амбиент на одмаралиштето Михајлово на падините на Кожув Планина во близина на Кавадарци вчера пристигнаа 15 млади флејтисти од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија кои ќе имаат можност до 29 август да работата со еминентни професори и флејтисти од балканската музичка сцена. Со концерт и свечено отворање синоќа започна 16 Меѓународен фелејтистички концертен подиум, музичка манифестација која повеќе од една и пол деценија создава простор за средба, едукација и уметничка размена меѓу младите флејтисти и истакнати педагози од регионот.
Уметничкиот и едукативниот дел на флејтистичкиот подиум ќе го реализираат професорот Страшо Темков од ФМУ-Скопје, кој е раководител на фестивалот, професорот Миомир Симоновиќ од ФМУ од Белград, професорот Ѓорѓи Спасов од ФМУ од Софија и професорката Соња Милетиќ од ФМУ од Бањаа Лука. По свеченото отворање посебно место во програмата има и завршниот концерт на кој младите учесници ќе се претстват со дела од значајни домашни и светски композитори претставувајќи ја разновидноста и богатството на флејтистичкиот репертоар.
Меѓународниот флејтистички подиум и годинава ја остварува целта да создаде простор за музичка едукација, размена на искуства, дружење и професионално усовршување на младитее флејтисти. Со спојот на врвната педагогија, концертното музицирање и инспиративниот природен амбиент на Кожув Планинафестивалот и во своето 16 -то издание ја продолжува традицијата на поврзување на новите генерации на флејтисти со истакнати уметници и педагози, афирмирајќи ја флејтата како инструмент со богата традиција и современ концертен потенцијал.
Манифестацијата е подржана од Министерството за култура и туризам на Македонија и Општина Кавадарци.
Мирјана Мукаетова







































