Фото: Влада

Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, која ќе важи од денеска, по објавувањето во „Службен весник“, до 30 септември 2026 година, пренесе МИА.

Со мерката, трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10 проценти, додека кај трговците на мало намалувањето треба да изнесува најмалку 15 проценти.

Ова го соопшти портпаролката на Владата Марија Митева, која посочи дека мерката опфаќа широк спектар производи потребни за почетокот на новата учебна година.

Намалувањето ќе важи во периодот кога родителите традиционално ги набавуваат потребните материјали за учениците, со цел да се намалат трошоците поврзани со почетокот на учебната година.