Фото: Маја Јаневска-Илиева

Тригодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во несреќа со лифт во станбена зграда во скопската населба Радишани, пренесе МИА.

Според пријавата до полицијата, инцидентот се случил на 22 август околу 18,15 часот, додека мајката и нејзините деца се наоѓале во лифтот.

Како што пријавила 30-годишната мајка во СВР Скопје, вратата од лифтот ненадејно се отворила, а потоа се затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена и се здобила со тешки повреди.

Детето било пренесено во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што биле констатирани повредите.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.