Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека попладнево во поголем дел од земјата постојат услови за појава на невреме, проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и град.
Според објавената метеоролошка карта, услови за невреме има во повеќе региони, додека меѓу подрачјата без најави за невреме се Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово и Гостивар.
Дневните температури ќе се движат од 28 до 34 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
































