Фотовест
Од 14 до 31 јули, во Битола, се одржа 56. издание на републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, кој со своето 18-дневно времетраење стана најдолгата манифестација од посто-ењето на овој фестивал.
Во рамките на богатата програма, манифестацијата и годинава понуди разновидни содржини за деца и имаше цел на вистински начин да им ги доближи фолклорот и традицијата.
Во фотогалеријата од програмата „Ехо од дамарите“ се поместени фотографии што потсетуваат дека најсилниот ритам не доаѓа од тапанот, туку од луѓето што не дозволуваат тој никогаш да не замолкне. Тука се гледа како традицијата се пренесува, од еден тапанар на друг, од една гајда на следната.
Од погледот на детето што чека свој ред, до сигурноста на оној што веќе знае дека музиката не се учи само со ноти туку и со срце.































