Фото: ЕПА

ФУДБАЛ

  • ФА, Премиер-лигата, Англиската фудбалска лига, Националната лига и Женската суперлига се согласија за мерката, со дозвола од ИФАБ, а првиот меч на кој ќе се тестира правилото ќе биде в сабота, од прелиминарното коло на Лига-купот помеѓу Транмер и Рочдејл, пишува „Би-би-си“

Англискиот фудбал ќе спроведе тестирање сезонава, со кое ќе се обиде да го искорени тактичкиот тајмаут на голманите. Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), Премиер-лигата, Англиската фудбалска лига, Националната лига и Женската суперлига се согласија за мерката, со дозвола од Меѓународниот фудбалски борд (ИФАБ), пишува „Би-би-си“.
Судиската организација на Англија, предводена од Хауард Веб, разговараше со лигите за да утврди како да се справи со појавата. Одлучено е тимот да отстрани играч од теренот на една минута, пишува „Би-би-си“. Ако судијата сигнализира дека физиотерапевтот може да влезе да му помогне на голманот, тренерот на тој тим ќе има 10 секунди да номинира друг фудбалер да го напушти теренот на една минута по продолжувањето на мечот, известувајќи го четвртиот судија за својот избор. Ако ниту еден играч не е избран во рок од 10 секунди, капитенот ќе го напушти теренот на една минута.
Првиот натпревар на кој ќе се тестира правилото ќе биде натпреварот од прелиминарното коло на Лига-купот помеѓу Транмер и Рочдејл в сабота.
Тактиката на добивање тајмаут додека му се укажува помош на голманот станува сѐ почеста и контроверзна во претходните сезони, откако не е невообичаено голман да седне на тревникот и да му сигнализира на физиотерапевтот, а сите други играчи да брзаат кон техничката зона за тимски разговор, а штом тренерот ќе ги даде своите инструкции, голманот станува да продолжи мечот, пишува „Би-би-си“.
Третманот со голманот се користи и за да се наруши моментумот на противничкиот тим кога е во предност. Во сопствените дискусии, англискиот фудбал сметаше дека самото спречување на играчите да одат до техничката зона нема да ги одврати тренерите од користење голмани за прекинување на играта. Англискиот фудбал го избра ова тестирање бидејќи ја следи логиката што се применува кај другите фудбалери, кои мора го напуштат теренот една минута ако добијат помош од физиотерапевт, пишува „Би-би-си“. Тестирањето е наменето е да биде проактивно како одвраќање, а не реактивно на тимскиот разговор кога ќе се случи.
Судиите нема да ги спречат играчите да ја посетат аут-линијата додека се третира повредата, но идејата е дека можноста да се игра со 10 фудбалери една минута ќе дејствува како соодветен дестимулатор, пишува „Би-би-си“.
Постојат неколку исклучоци кога соиграчот нема да мора да излезе од игра, а тоа е ако голманот се судрил со фудбалер, ако голманот е фаулиран и му е потребен итен третман, ако голманот крвави, ако има повреда (мора да биде заменет) или потрес на мозокот…
Резултатите од тестирањето ќе бидат оценети од ИФАБ на состаноци сезонава, а ова би можело да доведе до трајна промена на правилата на глобално ниво од сезоната 2027/2028, пишува „Би-би-си“. Н.М.