Ита Аџиеска, која повеќе од 20 години живее и работи во Соединетите Американски Држави, постигна исклучителен професионален успех со акредитација како независен спортски новинар и фотограф на ФИФА.
Со спортско новинарство и фотографија професионално се занимава повеќе од 18 години. Во текот на својата кариера фотографирала голем број меѓународни фудбалски натпревари, меѓу кои и квалификациски и пријателски натпревари на УЕФА, вклучувајќи ги Англија – Македонија и Данска – Македонија.
Нејзината долгогодишна посветеност и професионализам ѝ овозможија да биде акредитирана од ФИФА и да известува од најголемиот фудбалски настан во светот. На Светското првенство присуствуваше на повеќе натпревари, а како круна на својата кариера го фотографираше и големото финале меѓу Шпанија и Аргентина.
Како акредитиран независен новинар и фотограф, таа работи според строгите правила и медиумските прописи на ФИФА. Фотографиите направени за време на натпреварите се користат исклучиво во согласност со условите на акредитацијата и не смеат да се продаваат на медиуми што немаат соодветни права. Овој успех претставува значајно признание за нејзината професионална работа и е уште еден доказ дека Македонците успешно се афирмираат и на највисокото светско ниво во спортското новинарство и фотографија.
































