Фото: „Нова Македонија“

На граничниот премин „Богородица“ утрово е регистрирана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу 30 минути.

Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, но интензитетот на возила е зголемен на патните правци надвор од урбаните средини.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.

Зголемена претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.