Фото: Пиксабеј

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, а дневната температура ќе достигне до 35 степени Целзиусови.

Ќе дува слаб до умерен ветер, кој повремено ќе биде засилен во западните делови на земјата, каде ќе дува од западен правец, додека долж Повардарието ќе преовладува југоисточен ветер.

Утринските температури ќе се движат меѓу 7 и 16 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 28 до 35 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе изнесува околу 12 степени, а максималната ќе достигне до 32 степени Целзиусови.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Промена на временските услови се очекува во понеделник, кога на повеќе места ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и развој на нестабилна облачност.