Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претседателот на опозициската партија „Беса“, Билал Касами.
Од владината прес- служба соопштија дека на средбата, во позитивна и пријателска атмосфера, тие разговарале за барањата на партијата „Беса”.
– На средбата е договорено да се одржи уште еден состанок, најдоцна до вторник, на работна група составена од претставник од Кабинетот на претседателот на Владата, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон, претставници од раководството и пратениците од „Беса”, за да се разгледаат детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции, стои во соопштението на Владата на Република Македонија