Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази сочувство по нападот во установа за социјална помош за млади во северногерманскиот град Штаде, во кој беа убиени шест лица, јави ДПА.
-Веста од Штаде е длабоко шокирана – напиша Мерц на Икс, додавајќи дека биле убиени или повредени луѓе „кои сакале да им помогнат и да ги заштитат другите“.
Тој изрази сочувство до жртвите и нивните семејства и им се заблагодари на полицајците за брзата реакција.
Полицијата претходно соопшти дека во нападот биле убиени шестмина вработени во установата. Според првичните наоди на истражителите, можниот мотив за нападот бил спор околу старателство.
Осомничениот напаѓач, 45-годишен маж роден во Германија, е уапсен подоцна, истиот ден додека се обидувал да избега, соопшти полицијата.
































