Литературно катче
- Секоја последна седмица од јуни се одбележува како Недела на опрашувачите. Целта е да се издигне свеста за значењето на пчелите, пеперутките, лилјаците и другите опрашувачи за производството на храна и зачувувањето на биолошката разновидност. По тој повод, поетесата Емилија Матаничкова создаде песна посветена на овие живи суштества, благодарение на кои уживаме во мирисите, вкусовите и боите што ни ги дава природата. Уживајте во песничкава, истражете повеќе за опрашувачите и никогаш не заборавајте дека секое живо суштество има своја функција и своја важност
Од цвет на цвет,
низ целиот свет,
лета едно друштво
во постојан лет.
Мали крилца мавтаат,
зујат во хор,
носат голема магија
во секој двор.
Убавина на крилца,
шарена и лесна,
секое цветче ја дочекува
со песна!
Опрашувачи вредни, с
о полен на нозе,
прават секоја гранка
овошје да донесе!
Еве ја пчелката со жолто
палтенце,
внимателно слетува
на ситното цвеќенце.
Прашок златен собира,
во кошнички го крие
па брза кон кошот,
сладок мед да пие.
По неа слетува пеперутка мека,
со крилја ко виножито,
нектарот го чека.
И бумбарот
гласен низ
росата прелета,
додека топлото
ветре
по ливадата шета.
И малите птици низ
гранките пеат,
со пердуви меки на
сонце блескаат.
Со клунови долги
од цветовите пијат,
и тие во крилјата тајна кријат!
Во нашата Македонија,
под сончевите зраци што греат,
над двесте видови пеперутки
по дворовите се смеат!
И стотици вредни пчелки
низ ливадите летаат,
со својата магија природата
ја цветаат.
По патеки цветни нивниот
лет води,
па, сочно јаболко и цреша
се роди!
И јагода црвена,
и праска слатка,
секоја овошка
од нив примила пратка.
Затоа чувај ги овие крилца мали,
целата природа со нив се фали.
Чувари на животот,
нежни како вили,
најважните гости
со волшебни сили!
Авторка: Емилија Матаничкова

































