Фото: Пиксабеј / Илустрација

Иран и Оман денеска во Мускат го одржаа првиот состанок на заедничкиот комитет посветен на Ормускиот Теснец, потврди иранскиот заменик-министер за надворешни работи Казем Гарибабади.

Тој преку објава на платформата „Икс“ соопшти дека двете делегации размениле ставови за суверените права на крајбрежните држави во Персискиот Залив, како и за идниот модел на управување со Ормускиот Теснец.

Според Гарибабади, разговорите се одржуваат во рамки на привремениот договор што Иран и САД го потпишаа овој месец.

Ормускиот Теснец е еден од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта и природен гас, а секоја иницијатива поврзана со нејзиното управување внимателно се следи од меѓународната заедница.